Кривичен суд: Сите прашања во врска со случајот „Транспортер“ да се упатат до СЈО

Од:

Скопскиот кривичен суд во денешното соопштение упатува сите прашања во врска со предметот наречен „Транспортер“ да се насочуват до Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

– Во врска со прашањата за замрзнувањето на имотот на одредени лица во предметот наречен „Транспортер“ од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до Основен суд Скопје 1 – Скопје поднесен е предлог за определување привремени мерки за обезбедување на имотно правно барање против повеќе лица, односно две физички и четири правни лица согласно чл.118 и чл.120 од ЗКП, а во фаза на донесена наредба за спроведување на истражна постапка од страна на СЈО, по предлогот судијата на претходна постапка побара уредување од СЈО, во рок од осум дена во смисла на член. 120 ст.1 од ЗКП, така што СЈО да достави барање од оштетен спрема трето лице согласно законската одредба, стои во соопштението.

По ваквото барање, како што се додава во соопштението, СЈО во предвидениот рок го известило Судот дека врз основа на наведениот член како државен орган има обврска да бара заштита на имотно правно барање на Република Македонија, а дека јавниот правобранител е повикан од СЈО да се произнесе на 28.04.2016 година, па го известил Судот дека по произнесувањето на јавниот правобранител ќе го доуреди предлогот во смисла на чл.120 ст.1 од ЗКП, а до денес тоа не е сторено.

Од тие причини од Кривичниот суд сите понатамошни прашања во врска со овој случај упатуваат да бидат насочите до СЈО.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов