Лазарова-Трајковска: Одлуката за помилување на претседателот е невообичаена

Од:

Судијата во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова-Трајковска смета дека одлуката за општата аболиција на 56 лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов е невообичаена, бидејќи покрива голем број луѓе и е многу генерализирана.

– Одлуката не е необична во однос на постапувања на претседатели во претседателски системи, изјави Лазарова-Трајковска денеска на маргините на промоцијата на Прирачникот за европското законодавство за заштита на податоците.

Спомена дека имало и други ситуации кога претседатели помилувале лица за кои била водена постапка и не била завршена, спомнувајќи го помилувањето на „Ричи“ од страна на Клинтон на последниот ден од неговото претседателствување. – Станува збор за поединечни случаи, односно помилување на еден човек во една постапка, а не за  генерално помилување, додаде таа.

Според Лазарова – Трајковска важно е да се има на ум дека станува збор за претседателски систем, а Република Македонија е парламентарна демократија.

Лазарова – Трајковска смета дека излез мора да постои во една ваква ситуација, затоа што во рамките на тие 56 лица има лица кои јавно излегоа со став дека нивните човекови права биле повредени.

– Во една ваква ситуација треба темелно да размисли целиот тим на советници  и на стручни експерти на претседателот кои ја донеле таа одлука, каде и во кој сегмент работата не била добро обмислена, додаде Лазарова -Трајковска.

Би можело да ве интересира

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Пендаровски се залагал да се исклучи аболицијата во новиот предлог закон за помилување

A1on

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Поништувањето на аболициите од Иванов е уставно, се отвора патот за предметите на СЈО

Кристијан Ландов

Дебатата за помилувањата го отвора прашањето за одговорноста на Иванов

Ана Ололовска