Пред ресторанот „Пелистер“, каде се одржуваше средба на европратеничката Маријана Петир со жени политичарки, герила акција направија активистите на Шарената револуција. Тие пред ресторанот дојдоа со транспарент на кој пишуваше „Дали во ЕУ аболицирате криминалци?“.
„Денеска го засоливме ручекот на евро-пратеничката Маријана Петир која околу пладне во ресторанот Пелистер во Скопје дискутираше со жени од политичкиот живот во Македонија.
Ја прашавме: ДАЛИ ВО ЕУ АБОЛИЦИРАТЕ КРИМИНАЛЦИ?
Инаку, г-ѓа Петир пред неколку дена изјави дека излезот од кризата во Македонија се избори на 5 јуни, а ние не се согласуваме со тоа!“, напишаа активистите.