Екипата на Севиља трета година по ред ќе игра во финалето на Лига Европа и повторно има можност да го одбрани трофејот во ова натпреварување. Синоќа во реванш полуфиналето го победи Шахтјор со 3:1 и со вкупни 5:3 избори финале.
– Одигравме добар натпревар, иако дуелот имаше чуден тек. Уживаме во ова натпреварување, а сигурен сум дека уживаат и нашите навивачи. Посаквував шпанско финале, но против Ливерпул ќе биде многу тешко. Напорно работевме за да стигнеме тука каде што сме сега, изјави тренерот на Севиља Унаи Емери.
Во финалето во 2015 година Севиља беше поуспешна од украинскиот Днипро, а во 2014 година беше подобра од Бенфика од Португалија.