Фудбалерите на Ливерпул со триумфот од 3:0 во реванш полуфиналето од Лига Европа над Виљареал успеаја да ја елиминираат шпанската екипа и да се пласираат во своето прво европско финале по 2007 година (Лига шампиони во Атина). Веднаш на стартот од дуелот на „Енфилд“ Ливерпул по автоголот на гостите ја анулираше предноста на противникот, а два гола постигна во вториот дел.
По дуелот менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп изјави:
– Прекрасна вечер и брилијантна игра на мојот екипа. Во првите 30-тина минути имаше многу емоции. Трпението го изгубивме во последните 15 минити од првиот дел. Во второто полувреме направивме притисок, но повеќе го користевме и мозокот и на крајот се заврши прекрасно.
Во финалето Ливерпул ќе се бори за пехарот против екипата на Севиља, која победува во ова натпреварување во последните две сезони. И двата тима со триумф во Лига Европа гледаат шанса за пласман во Лигата на шампионите следната сезона откако ги загубија шансите преку националните првенства.