Во второто по квалитет европско клупско фудбалско натпреварување, Лига Европа, вечерва ќе бидат познати двете екипи кои ќе се борат за трофејот.
На „Енфилд“ Ливерпул ќе го пречека шпанскиот тим Виљареал кој на дуелот влегува со предност од 1:0 остварена на првата средба во Шпанија.
Актуелниот шампион, освојувач на трофејот во последните две сезони, Севиља пред својата публика во дуелот со украинскиот Шахтјор ќе брка било каква победа по нерешените 2:2 на првиот меч во Доњецк.
Двојки:
Севиља – Шахтјор (2:2 прв натпревар) и
Ливерпул – Виљареал (0:1).
Почетокот на двата натпревара е во 21:05 часот.