А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Катица Јанева за „Фајненшел Тајмс“: Нема да сопреме

by А1он30/04/2016 - 10:17202
Share0

Ако претседателот има намера да продолжи со помилувањата на луѓе кои се обвинети, тој ќе има многу работа, оти ние нема да сопреме, вели специјалната обвинителка Катица Јанева за најголемиот светски дневен весник за бизнис и економија, „Фајненшел тајмс“ кој пишува текст зо наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“.

Добивај вести на вибер

Весникот ја опишува специјалната обвинителка како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“ но открива и дека Канцеларијата на Специјалниот обвинител во Македонија се соочува со огромни пречки, меѓу кои и обезбедување сведоци, од кои многумина се плашат да соработуваат поради засилен надзор.

“Тоа може да стане уште потешко откако Коста Крпач, сведок, умре откако беше застрелан во градите“, пишува весникот.

Лондонскиот весник пишува дека Јанева како специјален обвинител е фрлена во средиштето на вртлогот што ја зафати Македонија. Нејзината работа е да ги гони високите политички личности обвинети дека краделе избори и ги користеле разузнавачите служби за партиски цели.

„Постојано поддржувана од две офицерки – во зачудувачи контраст на политичката сцена во Македонија во која доминираат мажи – таа му пркоси на претседателот со покренување неколку нови истраги, пишува Фајненшел тајмс во сторијата за специјалната обвинителка.

– Ако претседателот има намера да продолжи со помилувањата на луѓе кои се обвинети, тој ќе има многу работа, оти ние нема да сопреме – вели Јанева за „Фајненшел Тајмс“.

Весникот посочува дека откако ги објавила случаите „Титаник“ и „Тврдина“ таа се соочила со лични напади, институционална затвореност, а во средата клучен сведок бил застрелан во неговиот стан во Скопје.

„Знам како функционираат политичките партии, им го разбирам менталитетот и како работат. Верувам во себе и во мојата способност да си ја вршам работата“, изјавила Јанева и рекла дека смета оти „амнестијата нема правна основа и нејзиниот тим подготвува нови обвиненија за веќе помилуваните осомничени, за други кривични дела.

На обвинувањата на претседателот дека нејзиното обвинителство е злоупотребено за добивање политички поени таа одговара: „Не обрнувам внимание на тие забелешки. Си ја вршам својата работа“.

katica

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска14/09/2020 - 11:4814/09/2020 - 13:46

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска23/06/2017 - 10:41

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски13/06/2017 - 21:4614/06/2017 - 07:56

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски24/03/2017 - 16:2525/03/2017 - 08:38

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ15/03/2017 - 16:3916/03/2017 - 08:13

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он07/03/2017 - 11:2507/03/2017 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен