Ким Џонг-ун создава сопствен харем

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун има „Трупи за задоволство“, еден вид на харем, во кој има и девојчиња од 13 години, објави јужнокорејскиот весник  „Чосун Илбо“.

Девојчињата наводно ги избираат војниците и се принудени да и служат на севернокорејската елита.

Девојчињата и девојките поминуваат детална медицинска контрола, при што се утврдува и дали се девици.

Една жена која побегнала од харемот тврди дека имала 15 години кога војниците ја земале од училница и ја прашале дали некогаш имала секс. Таа една деценија му служела на Ким Џонг-ил, татко на сегашниот лидер на Северна Кореја. Таа никогаш не била повикана поради секс, но оценува дека тоа сигурно ќе се случило ако останела подолго.

Други извори сведочат за оргии меѓу севернокорејската елита.

Имаше гласини дека Ким Џонг-ун ја расформирал трупата по смртта на татко му, но има тврдења дека харемот е обновен и оти неговата војска регрутира „убави и високи“ млади жени, кои во моментот се наоѓаат во Хотел Корио во Пјонгјанг, каде поминуваат безбедносна обука.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Сестрата на Ким Џонг-ун јужнокорејскиот претседател го нарече идиот

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон