Во сабота сончево и топло, во недела попладне дожд

Од:

Времето за претстојните празници ќе биде променливо. Утре се очекува повремен слаб дожд, особено претпладне, во сабота сончево со температура до 25 степени, а во недела попладне повторно ќе има врнежи.

Повеќе и поинтензивни врнежи УХМР најавува во понеделник кон вторник, а не е исклучено да има и над 50 литри на метар квадратен воден талог.

Утре ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец и температура од четири до 18 степени, додека задутре претежно сончево со појава на мала до умерена облачност, но главно стабилно и потопло време со дневни температури од 18 до 25 степени.

Од недела попладне ќе има локална појава на дожд со ретки грмежи кои наместа ќе бидат поројни, особено кон крајот на денот и во вечерните часови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски