Сончево со умерена облачност и умерен јужен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво. Преку денот ќе има умерена облачност, а наместа особено во западните делови ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 17 до 25 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 22 степени.

В петок и сабота ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, наместа со појава на ретки грмежи.

Од недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Локално се очекуваат и обилни врнежи.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски