Први полуфинални натпревари во Лига Европа

Од:

Во второто по квалитет европско фудбалско клупско натпреварување Лига Европа вечерва на програмата се првите натпревари од полуфиналето во кои ќе играат Шахтјот – Севиља и Виљареал – Ливерпул

Украинскиот Шахтјор Дољецк ќе биде противник на актуелниот шампион во ова натпреварување Севилја ќе атакува на хет-трик, односно на својот пети трофеј, трет во низа. Андалузиската екипа во два наврати, беше најдобра во две последователни години. Првите два трофеи го освои 2006 и 2006, а тој успех го повтори и во изминатите две сезони, 2014 и 2015 година.

Овие две екипи досега се сретнала само на два меча и тоа во 1/16-финалето од тогашниот УЕФА куп во сеоната 2006/2007, кога Севилја подоцна стигна до својот втор трофеј.

Виљареал и Ливерпул ќе играат за прв пат меѓусебно.

Шпанската екипа Виљареал е тимот со најмногу постигнати голови сезонава во ЛЕ (82), а заедно со Ливерпул се двете единствени екипи кои до полуфиналето во ова натпреварување стигнаа без загубен натпревар.

Двата натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот и 5 минути.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска