Без концесии од САД, Германија не го потпишува „Трансатлантскиот трговски договор“

Од:

Доколку САД продолжат да инсистираат на „Трансатлантското трговско и инвестициско партнерство“ (ТТИП) во сегашната форма може да пропадне целиот договор, изјави денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија Зигмар Габриел.

Пред посетата на Обама кој по Велика Британија денеска пристигнува во Германија. лидерот на Социјал-демократите вели дека ако Американците сакаат да ја задржат оваа форма на договорот, ТТИП ќе пропадне.

– Американците сакаат да ја наметната идејата „Купувај американско“ а ние не можеме да го прифатиме тоа. Според мене тоа веќе не е слободна трговија , изјави Габриел за весникот „Ханделсблат“.

Централна тема на разговорите што претседателот Обама ќе ги има со своите германски домаќини е трговскиот договор кој беше причина за протести во градот Хановер каде што дваестина илјади луѓе протестираа против партнерството кое може да ги намали правата на европските потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште