Екипата на Пари Сен Жермен е победник во францускиот Лига куп, откако синоќа во финалето на „Паркот на Принцовите“ во Париз го совлада Лил со 2:1.
ПСЖ прв дојде во водство со голот на Хавиер Пасторе во 40. минута, изедначи Џибрил Сидибе во 49. минута, а голот на одлука го постигна Анхел ди Марија во 74. минута.
Парижаните последните дваесетина минути ги одиграа со фудбалер помалку, бидејќи Адриен Рабио во 70.минута доби втор жолт картон.
За ПСЖ ова е шести трофеј од Лига купот, втор оваа сезона по обезбедувањето на шампионската титула од Лига 1, а за трет трофеј ќе се бори на 21.мај, кога го очекува финале од Купот на Франција против Олимпик Марсеј.