Борци од групацијата Исламска држава извршиле напад врз контролен пункт во близина на нафтена инсталција во источна Либија, при што е убиен еден припадник на обезбедувањето и ранети се уште седум лица, изјави воен извор.
Голем број припадници на ИД со 60 автомобили извршија напад во близина на еден од влезовите на градот Брега, на 700 километри источно од главниот град Триполи.
Од 4 јануари досега ИД од својата база во градот Сирт, на 450 километри источно од Триполи, изврши неколку напади врз либиските пристаништа и терминали, главно во Рас Лануф и Седра.
Либија поседува најголема количина нафтени резерви во Африка, кои се проценуваат на 48 милијарди барели.