СНП на претстојните избори нема да бара втор референдум за независност

Од:

Шкотската национална партија (СНП) го објасви својот партиски манифест, за претстојните избори за нов состав на Парламентот во Единбург, но на него овој пат нема барање за втор референдум за независност на Шкотска.

Лидерот на партијата и актуелен прв министер, Никола Старџен ги повика гласачите, уште еднаш да и ја дадат довербата на партијата, која на два пати по ред победува на изборите во Шкотска.

Заложбите за независност и за отцепување од Велика Британија, беа присутни на претходните избори, на кои како лидер се појавуваше Алекс Салмонд.

Мандатот што на два пати го доби СНП на шкотските парламентарни избори, за Салмонд беше основата врз која тој побара и се избори за референдумот што се одржа во септември 2014 година.

На референдумот за независност, мнозинството гласачи се определија за останување на нивната земја во рамките на Обединетото Кралство, покажувајќи уште еднаш дека Шкотланѓаните разлилно гласаат за една иста партија.

Гласчите ја подржуваат внатрешната и социјалната полотика на СНП, но не се согласуваат со сепаратизмот и со партиската определба за отцепување.

Старџен која беше заменик лидер, кога Салмонд ја водеше СНП, веднаш по преземњето на лидерската функција, по поразот на референдумот, порача дека идејата за незавсност не се напушта, но дека сега определбите на партијата одат кон натамошно унапредување на благостојбата на луѓето.

Во годинешниов изборен манифест, втор референдум не се споменува, но се зборува за зголемено инвестирање во здравствената заштита и во обрзованието, што се покажува дека е основната грижа на обичните Шкотланѓани.

Во Британија, по минатогодишните параламентарни избори, е отворен процесот за проширување на деволуцијата (префрлање на овластувањата) од Вестминстер, врз Холируд (шкотскиот Парламент) со кој пратениците во Шкотска ќе ја определуваат и даночната политика. Со досгашниот закон за деволуција, тоа им беше пграничена, затоа што остана во надлежност на британскиот Парламент.

Прашањето за втор референдум може одново да се отвори, по изјаснувањето на Британците, на 23 јуни, за тоа дали земјата да остане членка на ЕУ, или да ја напушти Унијата, затоа што Шкотлаѓаните се најсилните приврзеници на европските интеграции.

Никола Старџен веќе предупреди дека доколку земјата се определи за излегување од ЕУ, тогаш ништо не ќе може да спречи и втор референдум за независност, инсистирајќи дека членството во Унијата е стратешка определба на Шкотланѓаните.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски