Судското рочиште за „Ровер“ е повторно одложено за 9 мај, а дотогаш Љубе Бошкоски најверојатно останува во Идиризово, со оглед на решеноста и како што вели „под ничиј притисок“ на директорот Живко Пејковски да не потпишува за негово излегување од затворот.
Пејковски неодамна беше и во пакетот аболиции на Ѓорге Иванов, иако не е јасно во кој предмет беше опфатен и за што е аболициран.
Љубе Бошкоски уште во март можеше да излезе од затворот, но тоа не се случува поради Живко Пејковски, кој се правдаше со процесот „Ровер“.
Откако судијата му порача дека „Ровер“ не е никаква пречка за пуштање на Љубе Бошкоски, директорот на Идризово се нафрли на судот, но и остана без аргументи – зошто го држи екс министерот се уште во затвор.
„Ровер“ на два пати беше враќан од Апелационот суд на повтрно судење.