Видно засилено полициско обезбедување околу Специјалното Јавно Обвинителство, за каде се закажани протести вечерва.
Вечерва здружението „Протестирам“ најави протест со следниве барања:
на одлуките за аболиција и оставка на Иванов од функцијата претседател, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
формирање специјално одделение на Кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО; повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањеto на кризата; формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Во 19 часот пред Собранието, пак, закажани се контрапротести на граѓанската иницијатива ГДОМ, која бара повлекување на одлуките за аболиција на Заев и на Верушевски и одржување избори на 5 јуни.