Фудбалерите на ПСЖ ќе имаат можност да го бранат трофејот во Купот на Франција, откако синоќа во полуфиналето го победија Лориен на негов терен со 1:0.
Стрелец на единствениот гол беше Златан Ибрахимовиќ во 75.минута.
Во второто полуфинале вечерва (почеток 21 часот) членот на Втората француска лига Сошо е домаќин на Олимпик Марсеј.
Финалето меѓу ПСЖ и победникот од второто полуфинале ќе се игра на „Стад Д‘ Франс“ на 21 мај.