Кинеската полиција конфискува рекордна пратка кокаин од Јужна Америка

Од:

Кинеската полиција разби мрежа за трговија со дрога и конфиксуваше над 400 килограми кокаин, соопштија денеска кинеските власти.

Во операцијата се уапсени деветмина осомничени, вклучувајќи и пет лица од Хонгконг, соопшти полицијата во јужната провинција Гуандун.

Конфискуваните 400,5 килограми кокаин се рекордна количина изминатите години. Разбиена е мрежа за превоз, складирање и дистрибуција, контролирана од трговци со дрога од Хонгконг, додаде полицијата.

Дрогата на пазарот би достигнала цена од над 52 милиони долари.

Кинеските закони предвидуваат смртна казна за трговците со дрога. Смртната казна во земјата се изрекува за случаи на шверц, продажба, производство или превоз на повеќе од еден килограм опиум, 50 грама хероин или метамфетамин или пак иста количина на други дроги.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина