Матарела: Најверојатно неколку стотина луѓе загинаа во Средоземно Море

Од:

Неколку стотина луѓе најверојатно загинаа во нова трагедија во Средоземно Море, изјави денеска италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Според непотврдени медиумски извештаи загинале околу 400 луѓе, чии чамци се превртеле во близина на брегот на Египет. Тие се обидувале да стигнат до Европа.

– Минстерството за надворешни работи на Италија засега не може да ја потврди информацијата за загинувањето на 400 мигранти кои од Египет тргнале кон Италија. Се обидуваме да добиеме поточна информација, пред се од египетските власти, изјави шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони.

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека ништо не знае за трагедијата за која јавија медиумите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески