Понеделнички, да е јасно: Веќе не ми е грижа дали имате кредит, дали ќе земете плата, дале сте нечиј родител, син или внук. И не затоа што сум таков скроен туку затоа што Вас не Ви е грижа за мене, за овој до мене, за милионите судбини на кои се нагледав овие години.
Спушти го штитот или излези од дома и дојди на оваа страна, така докажи дека сакаш да се вратиш дома со образ и со иднина за твоите деца. Купи-продади политиката заврши.
Една, личност, деновиве ме ‘малтретира’ со пораки во сандаче и со по некоја закана, потоа ретерира и така до недоглед.
Еве јавно порачувам, ниту се плашам, нуту некогаш сум се плашел, ниту со мене ќе успее да изглади без оглед на стројници кои ми ги праќа. Свадба одамна не правиме, а ти си возрасна за деверица, да не се лажеме. Јас зет, пак, по втор пат не станувам.Кога, пак, ме убедуваш за професионализам, тогаш драго ќе те потсетам на сите партиски ангажмани и сооучесништва во злосторствата. Ако ти почнува презимето на „С“, многу ти недостасува да си спартанка.
Нема договор со луѓе како мене! Туку по илијадити пат, дали често сонуваш и како спиеш? Колку чини ампутиран морал? Уште ова, имотните листови на тапет, па ќе разговараме, добро? Ете, попуштив под притисокот…
Дејан Блажески