Само ти граѓанину имаш моќ да одлучуваш за твојата иднина

Од:

За време на оваа влада, во последните 10 години, на нас ни се случи еден Суперхиковски момент: Се крадеше од сиромашните за да се даде на богатите. Се уништи средната класа, сиромашните граѓани станаа социјални случаи и питачи, за да тајкуните блиски до владата и Фамилијата на власт се промовираат од милионери во милијардери. Со континуираното продавање на државни обврзници на комерцијалните банки од страна на владата на Груевски, покрај задолжувањето се случува и невидено осиромашување на секој чесен граѓанин на Македонија, затоа што банките заради ова цело време ги намалуваат каматите на штедните влогови и ги зголемуваат на кредитите, кои и онака за да ги земете мора да исполнувате ненормални услови и да вложите под хипотека имот три пати повреден од самиот кредит. Ваква ситуација нема во друга држава. Груевски не направи заложници на сиромаштијата наметната од него самиот. А ти граѓанину имаш моќ да дозволиш да продолжи ова или да го прекинеш.

Не може Фамилијата на власт, да ги крие и пере нивните пари по Карибските острови и Белизе, додека истовремено, жената која што работи како работничка во конфекција и зема 13 000 денари плата, од тие пари 4 000 денари да дава во државата како даноци, а со 9 000 денари да издржува цело семејство…

Владата на Груевски платата помала од 9 000 денари ја крсти „минимална плата“. Епа таа плата не е „минимална плата“, туку „понижувачка плата за држење на луѓето во тешка сиромаштија“. За 35 годишен работен век чесниот работник со таа минимална плата заработува само 63 илјади евра, додека истовремено Груевски заработува 15 милиони евра за 2 минути, со еден повик кон Миле ми текна, од провизија од Кинезите. И од тебе граѓанину зависи дали ќе продолжиш да дозволуваш некој да умира за леб, додека некој купува наочари за сонце, кои што вредат колку цел работен век на македонскиот работник!

Плаќаме најскапа струја во Европа, затоа што некој одлучил да заработува по стотици милиони евра од прескап увоз на струја, кој што ни е непотребен, но намерно се случува заради организирана смислена кражба. Зошто сме единствена земја чија што влада одбива да се изврши гасифицикација во Македонија? Кога планира Груевски да ја започне гасификацијата? Кога 50% од граѓаните ќе добијат рак на белите дробови заради загадувањето на воздухот, кое е ненадминато во светски рамки?

А Груевски и врхушката околу него се алчни до немај каде, збеснати од моќ и пари и се богатат нелегално. Сакаат да ги уништат сите кои што не го подредуваат својот живот во поддршка на нивното ненормално алчно богатење. Секој човек кој што живее со 40 денари на ден за Груевци значи подебели банкараски сметки во Белизе и поголеми журки на полуксузни јахти во Монако.
Но тоа го знаеме за нив. Прашањето е што правиш ти по тоа прашање, македонски граѓанину? Промените никогаш не се случуваат од врвот надоле, туку од човекот кој го гледате во огледалото па нагоре. Секој што вели „не ме интересира политика, не се мешам“, всушност вели „им дозволувам на неодговорните, алчни криминалци на власт да прават што сакаат и да ја упоропастуваат сегашноста и иднината на моето дете“.

Ајде да престанеме да сакаме сите да се преселиме во Германија и во Швајцарија, туку да почнеме да размислуваме дека е сосема можно да ги преселиме германскиот и швајцарскиот стандарт и животен квалитет во Македонија. А тоа не е утопија. Тоа е сосема остварливо. За почеток, треба да расчистиме со корумпираните криминалци на власт и да избереме политичари чија што цел е да работат за сите свои граѓани, да работат на укинување на сиромаштијата, да работат на тоа никогаш повеќе да не ни се повтори Тетово и Скопје да се најзагедни градови во целиот Универзум. Да имаме политичари кои ќе се тресат од твојата моќ, граѓанину, политичари кои што ќе се плашат да прозборат против тебе, кои што никогаш нема да помислат да го крадат својот народ, а не ти да се плашиш од политичарот како во овие 10 години на Груевски.

Ако не сакаш да го направиш ова за себе, граѓанину на Македонија, и ако се плашиш, направи го за своето дете, за својата сестра, за своите најблиски. Но пред се дигни го својот глас против оваа тиранија што и се случува на Македонија, затоа што тоа му го должиш на младиот човек полн со амбиции и идеали за убав и слободен живот. На младиот човек кој што знаеше дека нема сила, која што може да го спречи да го промени Светот на подобро. Тој полетен млад идеалист си ти драг граѓанину, пред 10 години. Не дозволувај стравот од обични криминалци да те победи и да те уништи!

Претседателот Иванов можеби ги помилува криминалците на власт, но само од тебе зависи дали ќе им дозволиш да продолжат безобзирно да се богатат на сметка на твојата и на насмевката на твоите деца…

Дејан Гацов

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска