Фудбалерите на Интер, откако во претходното коло се доближија на само еден бод од водечкиот Јувентус, по синоќешниот пораз во Бергамо од Аталанта повторно имаат четири негатива. Аталанта победи со 3:2 во натпревар со кој се комплетира 12.коло од Серија А и се искачи на шестата позиција на табелата.
Головите за домаќинот ги постигнаа Џакомо Бонавентура и Густаво Денис (два гола), а Фреди Гуарин и Родриго Паласио погодија за Интер.
Резултати постигнати на другите натпревари од овој круг: Каљари – Катанија 0:0, Пескара – Јувентус 1:6 Палермо – Сампдорија 2:0, Киево – Удинезе 2:2, Џенова – Наполи 2:4, Лацио – Рома 3:2, Милан – Фиорентина 1:3, Парма – Сиена 0:0 и Торино – Болоња 1:0.
Табела: Јувентус 31 (натпревар повеќе), Интер 27, Наполи 26, Фиорентина 24, Лацио 22, Аталанта 18, Рома 17, Катанија 16, Парма 16.