Полицијата постави метални рампи пред Народната канцеларија на Ѓорге Иванов во центарот на Скопје која беше демолирана пред два дена.
На канцеларијата се поставени нови стакла, меѓутоа се уште трае обновувањето во нејзината внатрешност.
Метални рампи се поставени и околу Министерството за правда, врз кое пред два дена беше фрлано камења и со јајца.
Ова се подготовки пред најавениот протест кој почнува во 18:00 часот пред СЈО и не е позната патеката на движење.
Ѓорге Иванов во попладневното обраќање повторно кажа дека останува на аболицијата, која според него ќе донесела мир во Македонија иако е причина за голем револт и бес кој предизвика масовни протести и конфронтација во општеството.