Денеска ќе се протестира пред СЈО

Од:

И денеска во 18 часот ќе се протестира пред седиштето на СЈО. Повикот се шири на социјалните мрежи, од групата #Протестирам.

Граѓаните ќе бараат оставка на Ѓорге Иванов, почнување на процес за избор на експертска влада и итно суспендирање на распишувањето на парламентарни избори.

„Огорчени од уништувањето на она малку преостанато од државноста на Македонија, гневни на самоволието со кое Никола Груевски и неговите соработници и полтрони ја уништуваат иднината на генерации македонски граѓанки и граѓани, неможејќи повеќе да седиме и немо да го набљудуваме разнебитувањето на сѐ што е демократско, одбивајќи да правиме компромис и да се пазариме со нелегитимниот режим.

Ние, кои протестиравме низ улиците на Македонија во име на слободата, правдата и еднаквоста, здружени со сите слободо и правдољубни сили во општеството под знамето на заедничката борба за ослободување од корумпираните деспоти кои нѐ доведоа до работ на целосна пропаст, повикуваме на масовен протест, денес, петок 15 април 2016, кој ќе започне пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје.

Бараме:

– Оставка на Претседателот на Републиката поради срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболицира криминалците;
– Отпочнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и властодршците за сторените кривични и криминални дела;
– Конечно, бараме итно суспендирање на отпочнатиот процес на распишување на парламентарни избори.

Овие протести се на сите граѓанки и граѓани. Протестите ни припаѓаат на сите нам, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели. Ги повикуваме и припадниците на полициските сили да ги спуштат штитовите и да ни се приклучат на вистинската страна на оваа борба!“, стои во повикот за протест.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов