Климатски предизвик 2016 – Од тебе зависи

Од:

УНДП и УСАИД денеска во Центарот за иновации на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе го промовираат овогодинешниот климатски предизвик – Од Тебе Зависи.

Вториот по ред климатски предизвик, кој е отворен за сите граѓани е организиран во партнерство со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од 10.000 американски долари, од кои 1.000 ќе бидат доделени како парична награда, а 9.000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение.

На прес-конференцијата, на која ќе се промовира овогодинешниот климатски предизвик, се очекува да се обратат деканот на ФИНКИ Иван Чорбев, постојаниот претставник на УНДП,  Луиза Винтон, директорот на мисијата на УСАИД Џејмс Стајн, шведскиот амбасадор Матс Стафансон и министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент бара сите земји да придонесат во финансирањето на климатските акции

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска