Специјаната јавна обвинителка Катица Јанева, на прес конференција најави дека имат намера да отворат многу истраги, и затоа, рече, почитуваниот претседател Иванов ќе има многу работа доколку има намера сите да ги аболицира.
„Никој не може да задржи или спречи законската должност за надомест на прибавената корист од кривични дела. Одлука за конфискација се носи и кога има пречки за водење на постапка. И во случај на аболиција, должност на СЈО е да прибави докази за нелегално стекнат имот кој треба да е конфискуван.
Финансиските истраги интензивно се водат во ова обвинителство, имаме податоци дека од 2008 година до 2015 година од буџетот на Република Македонија се одлеани огромни суми пари, рече Јанева.