Ѓорѓев во посета на ФФМ

Од:

Големиот талент и фудбалер на швајцарски Грасхоперс, Никола Ѓорѓев денеска е во посета на Фудбалската федерација на Македонија. Офанзивниот играч минатата седмица потврди дека прифаќа да биде дел од репрезентацијата на Македонија.

Ѓорѓев изјави дека е среќен што се враќа во Македонија и што ќе има можност да биде дел од „црвено-жолтите“.

– Навистина ми е мило што го облеков македонскиот дрес, за мене тоа е посебно чувство. Знам колку луѓето од федерацијата и самиот претседател на ФФМ се трудеа околу мене и тоа навистина ми значи. Вие го препознавте мојот квалитет, јас се надевам дека ќе се оддолжам со добри игри во дресот на репрезентацијата на Македонија, изјави Ѓорѓев.

По Давид Митов Нилсон, Аријан Адеми, Бесарт Абдурахими и многу други фудбалери кои имаат македонско потекло и сега настапуваат за младите национални селекции, 18-годишниот Ѓорѓев е последното големо засилување за селекцијата на Македонија. Неговите родители потекнуваат од струмичко Ново Село, а во Швајцарија се преселени пред повеќе од 25 години.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Седум клубови во македонскиот фудбал под истрага за местење на натпревари

A1on

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска