Германската Сојузна Влада е длабоко загрижена за вчерашната најава на Ѓорге Иванов и очекува принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни, се наведува во соопштението од амбадата на Германија.
– Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната Влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на Претседателот на државата, стои во соопштението.
Од особено значење е, како што се посочува, Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница.
– Покрај тоа, сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди, стои во соопштението од амбасадата на Германија.