ДС: Повик за вонредна седница на Парламентот

Од:

„Демократскиот Сојуз ги повикува сите пратеници да отидат на своите работни места во Собранието на Република Македонија заради договор и започнување на постапка за одржување на вонредна седница на Собранието.

Согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието, одржување на вонредна седница можат да побараат 20 пратеници, по што претседателот на Собранието мора да свика седница.

На седницата Собранието треба да донесе одлука за престанување со важност на одлуката за самораспуштање на Собранието, како и да отпочне постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов кој одлучи да аболицира политичари под сомнение дека фалсификувале избори, направиле грабеж од неколку стотици милиони евра, прислушкувале илјадници  граѓани и ги загрозиле перспективите на државата.

ДС го повикува Ѓорге Иванов да ја поништи одлуката за аболиција и да поднесе оставка“, соопштуваат од ДС.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година