Блажески до Иванов: Кој си ти? Ти си сопругот на Маја која со Чули реновираа на Клиника

Од:

Се` додека во оваа земја на слобода се “затворените политичари”, се` дотогаш ќе бидат затворени “слободните граѓни”…

Туку, не се замoрувајте со политика, тркнете до банка, до болница по терапија, зачестете со антидепресивите и аплицирајте за туѓ пасош. И сето ова додека ни се случува државен удар, на кој пандан треба да му е граѓански контра-удар.

Хрватите имат добар збор „Домовина“. Штета што кај нас, чинам, го преведовме во – Груевина…

Ѓорѓе, а да ти се случи народ ? Туку, ај што призна, призна дека се виновни, него дај кажи им на овие дека сепак е готово. Знаеш Ти, Горѓе, знаеш!Нелегитимна е аболицијата доколку не е таксативна, на пример..итн,итн…Подлабоко е од целата твоја досегашна плиткост.Ти прв ги напушти, а гледам дека денес не успеавте ниту да се задолжите.

Пораки се тоа, Ѓорѓе и не ни глуми сериозно лице кое упатува на “граѓанска војна”… Ѓорѓе, само уште ова: јас сум во политикава подолго веќе, но ниту имам дело, ниту прифаќам, на пример, да ме помилуваш. Кој си Ти, всушност, Претседателе?

Кој си Ти да ми држиш лекции за поделена одговорност? Кој си ти? А да, се сетив: Ти си сопругот на Маја која со Чули реновираа на Клиника.

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски