Писмо до Ѓорге Иванов

Од:

Г-дине Иванов, нарочно не ве ословувам со Претседателе, сакам да ви поставам неколку прашања.

  1. Иванов, дали сте свесен за постапката која што ја превзедовте? Дали сваќате каква глупост и каква ……… незнам каква идиотштина протежирате?
  2. Дали не сметате дека сте прилично провиден со додавката дека аболицирате и опозиција! Пази богати.
  3. Дали сваќате дека никој не ви верува во тоа што го кажавте дека без ничија сугестија сте ја донеле ваквата срамна одлука?
  4. Дали сваќате дека вие станувате голем спонзор на криминалот, корупцијата и на растурачите на Македонија?
  5. Дали Хорхе сваќаш дека суспендираш се што е во досегот на правото.?
  6. Дали , незнам како да ве наречам, сте свесни дека вие сте обичен фикус преку кого се воведува криминализацијата на , некогаш Македонија, денес Недојдија?
  7. Г-дине, кој што се нарекувате Претседател, сте свесни дека имате син кој утре други-ден ни виновен ни должен, ќе ги сноси последиците на глупавите потези. Чии. Па , твоите бе Хорхе, твоите.
  8. Дали си свесен дека од утре ќе ме гледаш 24/7 на улица?
  9. Дали си свесен дека одмаздата ќе следи?
  10. Дали си свесен дека со овој потег и отвори ширум отворени порти на анархијата. Не е ни анархија бидејки анархијата си има ред и поредок.
  11. Дали си свесен бе Ивановчо дека немаш му.а по име и презиме да кажеш кого аболицираш. Сакаш јас да ти кажам бе Хорхенце, скраја мој. И ќе ти кажам. Ги аболицираш- Н. Груевски, С. Мијалков, Г. Јанкуловска, М. Јанакиевски………. а да го аболицираш и Заев и Шекеринска. Знаејќи го Заев сигурен сум дека тој тоа ќе го одбие.

И за на крај кого бе ……….. веќе незнам како да те ословам, кого утре други-ден ќе обвиниш. Барам и за мене аболиција бидејки на државата, на банките и должам околу 100.000,00 денари. Инсистирам да ме аболицираш бидејки и мојата постапка е криминална. Ако не ме аболицираш ќе те тужам во Стразбур. Дали , конечно , твојата парола е ДА ЖИВЕЕ КРИМИНАЛОТ, ДА ЖИВЕЕ ДЕСТРУКЦИЈАТА. Арам да ти е , срам да ти е ти, ти, ти…… двоножно суштество. П:С Одсега па натаму на секој повик ќе се повикам и ќе им се придружам само со една цел , во март 2017-та година да има и предвремени председателски избори, ако бидете жив и вие и останатата багра околу која, не тие, вие се мотате. Да живее федерализацијата, да живее криминалот. Љубе го затворивте заради БАНДО КРИМИНАЛНА, е па еве и јас велам БАНДО ЕДНА КРИМИНАЛНА.

Марин Бабиќ

А1он не секогаш се согласува со ставовите на колумнистите и тие не ја изразуваат уредувачката политика на порталот.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска