Жерновски: Пионот Ѓорѓе Иванов, брутално ги понижи граѓаните на Македонија

Од:
Градоначалникот на општина Центар излезе со свој став за одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политичари против кои се води истрага во „Пуч“ и „Поткуп“.
Еве што напиша Жерновски:
andrejpost

Каков срам! Каква перфидност!

Владата, преку својот пион Ѓорѓе Иванов, брутално ги понижи граѓаните на Македонија. Ја излажа меѓународната заедница, најбезобразно поништувајќи го договорот од Пржино.
Со овој скандалозен потег, Договорот од Пржино е официјално мртов. Тука нема дилеми. Секој кој мисли поинаку, кој верува дека со оваа власт може да се преговара, опасно се лаже.

Овакво политичко лицемерие не верувам дека некогаш се случило. Ова е преседан во светски размери. Каков е тој провиден и перфиден политички трик? Зарем Груевски верува дека ова ќе му помине? Зарем ќе остане меѓународната заедница „во дипломатски ракавици“ и по овој невиден скандал? Замислете, Иванов ги помилува сите политичари. Меѓу кои, од една страна, политичарите кои невини лежат затвор и на кои Груевски лично им смести политички монтирани процеси и, од друга страна, политичарите на власт кои имаат направено криминал од невидени размери и кои се гонат за тешки кривични дела.

Доста е !!! Зарем со оваа власт требаше опозицијата да оди на избори? Со овие луѓе, кои ја имаат целосно киднапирано државата? Со овие, кои го помножија судството со нула, бидејќи, да се не лажеме, судство во Макеоднија не постои. Со овие, кои законите и уставот ги сметаат за тоалетна хартија?

Сега веќе е се јасно. Царот е гол до кожа. Меѓународната заедница мора токму сега, како никогаш досега, да ги демонстрира своите искрени намери. Сега таа треба да застане во одбрана на сето она што во изминатата година го пропагираше и за што се бореше. Но, тоа нема да биде доволно. Сега е време и ние граѓаните конечно да ги превземеме работите во наши раце.
Сега е време да си ја вратиме државата назад !!!

 

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски