(ВИДЕО) Ивановски: Сакаат да го урнат СЈО пред да пушти обвиненија за Груевски

Од:

Петте заробени судии во Уставниот суд прават се да го урнат Специјалното јавно обвинителство пред да почне со најбитните обвиненија во кој ќе се најде и Никола Груевски, смета поранешниот Уставен судија, Трендафил Ивановски.

– Тодор Петров еднаш ја повлече, но повторно ја активираше иницијативата. Таа иницијатива и одговара на организираната врхуншка на таа забега на власт, или во крајна линија го чуваше како адут во фиока, а со таа иницијатива значи напад на институција СЈО која што треба да се бори и да ја совлада корупцијата и криминалот во државата, вели Ивановски.

Поранешниот Уставен судија вели дека државата оди на распад и дека оваа држава која требаше да ја доградуваме, би ја срушиле во темел.

– Уставниот суд може да поднесе постапка на почетокот, а потоа да оди кон уништување на таа институција, на тие одредби, со што би се создало нешто најцрно што може да се замисли за татковината, вели Ивановски.

Уривање на Специјалното јавно обвинителство суштниски би значело уривање на темелите на државата, на самата конструкција на општеството, тоа е погуба на македонскиот народ, смета поранешниот претседател на Уставниот суд. Според него, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од СЈО и прави се за да го уништи преку Уставниот суд.

Според него, институцијата треба да го совлада сиот криминал, целата корупција која што постои, меѓутоа луѓето кој го направија криминалот се исплашија и бараат начин да ја замолчат институцијата.

– Имавме Јавно обвинителство, имавме судство, ако ја вршеа работата немаше да се дојде до институцијата, но се виде дека сите институции се заробени, квази институции и без кредибилитет, па поради тоа дојде до СЈО, а откако треба да го направи првиот чекор за излез од кризата, тие бараат да се уништи, вели Ивановски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов