Лацио кој ја имаше улогата на домаќин во дуелот со градскиот ривал Рома, попладнево на „Олимпико“ во Рим оствари победа со 3:2, иако Рома прва дојде во водство.
Милан продолжува со лошите игри на свој терен, денеска загуби од Фиорентина, а Наполи за кого Горан Пандев одигра 38 минути ја совлада Џенова. Пандев беше заменет поради повреда.