Сончево со температура до 27 степени

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје слично време, сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Поради сончевото време утре УВ-индексот ќе изнесува 7.

И во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло за овој период од годината, а само во четврток се очекува преодно дестабилизирање со локален краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер претежно од југозападен правец. Утринските температури ќе бидат во покачување, а дневните кои исто така ќе се покачуваат ќе се движат од 23 до 29 степени.  Во петок дневните температури ќе бележат благ пад и ќе се движат помеѓу 21 и 27 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски