Нацијата на Итар Пејо

Од:

Дали се сеќавате дека од првите денови од како ќе почнеме да разбираме за самите себе си , нашите баби , дедовци и родителите пробуваа да не залажуваат за да можеме барем на момент бидеме мирни и да не правиме бељи ни раскажуваа приказни. Секогаш приказните беа различни и интересни за да ни го обземат вниманието но секогаш едни од нај интересните приказни беа за Итар Пејо.

Толку со жар слушав кога ни раскажуваа за марифетите и досетките кој Итар Пејо толку добро знаел да ги направи и изведе. Подоцна дојдоа лектирите , па телевизијата со сериите посветени на Итар Пејо , па театарот , радиото и ред други пренесувачи и наратори на животот и делото на Итар Пејо и не учеа како да сме марифетџии, лажговци, измамници па дури со еден збор кој не звучи пријатно а тоа е преваранти.

Јас за да ублажам сето тоа од самиот старт ги нареков по модерно Илузионисти ама веќе отворено народов ги нарекува Криминалци, модерни, софистицирани криминалци кои со помош на сите распложливи институции од нив креирани успевале тоа да изгледа наивно , чисто а всушност безобразно и перфидно па дури и против сопствениот народ.

Да баш тој народ кој е нација на Итар Пејо, кога ќе се каже дека некој направил пари со измама сите му викаат Браво, Алал да му е се снашол човекот , па и ти да си во мед зар нема да каснеш ај не биди будала и ред други зборови кој народецов наш ги користи како епитет за тој што е криминалец , чудесна Македонија. Е па тој наш народ дури сега ќе се освести и ќе види кога јајцето ќе дојде на газот дека секое семејство веќе должи по 2000 евра по човек и ќе почне да фрла со се што може но доцна е, веќе големиот ИТАР ПЕЈО кој владееше 10 години со нашава држава сите нас не направи да сме насамарени , намагарчени, излажани, измамени, а збор не сме кажале бидејќи Илузијата беше перфектна, перење мозок од највисок можен степен.

10 години слушаме дека сме најдобрата држава у развој , дека мед и млеко тече ,дека сме први у Европа, први ама од позади така е релноста. Се чудев на Тодоров ОН-ОФФ кога ќе зборуваше за тоа што прави и како процветало здравството од него, а всушност реалноста што ја гледав ме тераше да плачам ама нацијата на Итар Пејо со овации го пречекуваше , како зарем е можно со што не прскаат леле кажете ми ве молам ? Пред некој ден на 7 април светскиот ден на здравството рече дека сме скокнале од 27 на 16 место во Европа со реформите во здравствениот систем и одма аплаузи овации, химната на ВМРО, народе има Википедија модерно нешто просурфајте и ќе видите нас не не ни има во листата бидејќи сме на дното, а не Итар Пејо финта дека сме биле 16, мижи Маро тулумби ќе врнат , пишав и тоа поодамна како функционира тоа во здравството.

Но полека ама сигурно барем сфатив дека сите овие министри или да ги наречам поарно марионети тие имале свој гуру , големиот ИТАР ПЕЈО, малку смешно оди али добро функционира. Значи кога се фалеа дека работеле 24/7 и тоа во ноќите ги даваа седниците како Итар Пејо им вели, Ти Миле до кај си со патот, зградите , плацевите ДУП,ГУП и она другоно ?

Ти Никола таму ископавте тоа дупката за болницата, се одобри кредитот исполнуваме условите? Ти Владо Ти Ставре и после се гаселе камерите и продолжувале со едукација од големиот пастир на нашава нација големиот ИТАР ПЕЈО до раните утрински часови , па после неспани биле па преморени па подочници до колена , абе работеле растур правеле еве сеа се чуствуваме , слушаме и гледаме како работеле а да дури и јазици изнаучија на тие едукации , кинески , доминикански, белизански , чешки , израелски , арапски , индиски и ред други корисни јазици алал да им е како што би рекла нацијата на Итар Пејо ги бива бе.

Е сега кога почнаа да се откриваат вистините, бидејќи нели вистината е шило се запнаа да одат на избори и тоа што побрзо за да и фантомските гласови не побегнат а за умрените не треба лош збор да се каже нели, и сеа каде? Нема избори или? Пак гуруто ги собира и вика ајде време за нови марифетлуци ајде дајте ваше мислење отворени сме за идеи соопштувајте ни ги , јавете се на бесплатните телефони, Руф АН, за да кожичката се спаси на ИТАР ПЕЈО и неговите ученици. Народе мој мора да сватиме дека можеби сме библиска нација и се гордеам со тоа но сепак не можеме да продолжиме да ги воспитуваме идните поколенија во духот на досегашната догма која се покажа дека некој кој 10 години беше пастир ја имал длабоко врежано и ја спроведувал очигледно само таа лектира ја читал па заради тоа сме на оваа дереџе на кое сме. Сакаме Македонија Европска, просперитетна и чесна со чесни луѓе со слободоумни луѓе а не марионети и слепи послушници. Нацијо на Итар Пејо освести се и фати се за работа.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска