Бројот на борците на џихадистичката група Исламска држава во Либија е двојно зголемен за помалку од една година и во моментов таа располага со околу 6.000 припадници, предупреди денеска командантот на силите на САД во Африка, генерал Дејвид Родригез.
– Но, и покрај големиот раст на бројот на припадници, исламистичката група, не успеаа да заземе голем дел од територијата во внатрешноста на Либија, изјави Родригез.
ИД го искористи хаосот во Либија што настана по соборувањето на режимот на Моамер Гадафи пред пет години за создавање своја база во земјата, со што го зголеми стравот за нејзино ширење и кон Европа.
Родригез нагласи дека причина поради која исламистичката група не може да ја преземе територијата на Либија, е тоа што „не го познава доволно теренот, како што е случај во Ирак или Сирија“.
Родригез оцени и дека либиските сили го спречуваат зголемувањето на бројот на исламистички борци во неколку области низ Либија.
Либија има нова Влада на национално единство, на чело со Фајез ал Сарај, кој пристигна во главниот град пред Триполи пред една седмица.