Европскиот интернет домен „.еу“ наврши 10 години од неговото основање, јави ТАСС.
По тој повод над Брисел вчера беше пуштен воздушен балон со натпис „.еу“.
На крајот на минатата година во овој домен беа регистрирани над четири милиони имиња, со што тој стана 11-ти по големина во светот.
Доменот „.еу“ официјално е регистриран на 7 април 2006 година.
Претходно во Европа имаше само национални интернет домени.
Сите сајтови на официјалните органи на Унијата истовремено преминаа на новиот домен на 9 мај 2006 година, кога ЕУ го одбележува Денот на Европа.