Премиерлигашот Ливерпул вечерва гостува во Германија кај Борусија Дортмунд, односно новиот менаџер на „црвените“ Јиреген Клоп со својата сегашна екипа ќе гостува кај својот поранешен клуб. Од таа причина овој натпревар привлекува и најмногу внимание од четвртфиналните натпревари од Лига Европа.
Бранителот на трофејот Севиља во „шпанската пресметка“ ќе гостува кај Атлетик Билбао во првиот дуел, додека третата шпанска екипа во оваа фаза од натпреварувањето Виљареал е домаќин Спарта Прага.
Во четвртиот дуел португалската екипа Брага е домаќин на украински Шахтјор.
Почетокот на сите натпревари е во 21:05 часот.