И албански бизнисмени меѓу споменатите во „Панамските документи“

Од:

Единствениот Албанец за сега,чие име е потврдено дека се наоѓа во огромното досие за финасискиот скандал „Панамски долументи“ е Исмаил Мулети.

Како што јави дописникот на МИА, тој е еден од најпознатите албански бизнисмени и косопственик на компанијата „ГФИ Технолоџис“ заедно со израелскиот адвокат Асаф Халкин.

– Нивната компанија била регистрирана во мај 2013 година на карипскиот остров Ангвиља. Истата година ја добила концесијата за маркирање на нафтени деривати, непосредно пред да заврши мандатот на тогашната влада на Сали Бериша, пишуваат албанските медиуми.

Мулети и Халкин имале уште една компанија регистрирана во Албанија. Тие биле партнери со над 45 отсто од акциите и во компанијата „Имах“.

Мулати се поврзува и со компанијата „Шќипоња“ многу блиска со Демократската партија во периодот 1992-1996, но и со други бизниси блиски со демократите.

Доцна синоќа тиранската телевизија Ора њуз јави дека Мулати заминал од Албанија во март годинава.

– Албанската полиција веднаш го верификуваше влезот и излезот на Исмаил Мулети и израелскиот државјанин, Асаф Халкин. Мулати ја напуштил Албанија во март, а негодиот партнер во февруари. И двајцата многу често патувале од и кон Албанија со чартер летови, пренесува телевизијата.

Во досието „Панамски документи“, според дел од медиумите, има и други лица и компании од Албанија.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски