Горан Грујевски во домашен притвор, одлука на Кривичниот совет

Од:

Кривичниот совет постапувајќи по жалбата на одбраната на првоосомничениот во случајот на СЈО „Тврдина“, одлучи да го пушти Горан Грујевски во домашен притвор, велат од Основниот суд Скопје 1, за А1он.

– Специјаното јавно обвинителство има право на жалба до повисоките судови, па додека не се донесе конечна одлука останува правосилна онаа на судијата на претходна постапка, односно тој останува во притвор во Шутка, велат од судот.

Сега, се чека жалба на Специјалното јавно обвинителство, од каде за А1он кратко изјавија дека ќе ја обжалат одлуката на Кривичниот совет.

СЈО за останатите осомничени досега има побарано определување мерки за обезбедување присуство. Судијата испрати покани до странките во текот на наредната недела да се јават во судот за да се произнесат во врска со предлозите, а поранешната министерка за внатрешни работи и уште еден началник во УБК во судот ќе се појават во среда.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов