Власта не најде пари за изградба на споменикот на македонската ѕвезда Тоше Проески.
Со ребалансот на буџетот, за кој гласаше само ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, избришана е ставката со која беше предвидено да се одвојат еден милион денари за изградба на споменик на гробот на Тоше во Крушево.
Опозицијата негодуваше, но власта не попушти.