“Ѓомлезе и богата трпеза со храна конзумираа локалните функционери”. Се’ додека имаме вакви вести наспроти сериозните прес-конференци на СЈО, се’ дотогаш сендвичот и автобусот ќе бидат животна биографија за постоење.
Во меѓувреме, “главните креатори на јавното мислење” (себеси милуваат така да се нарекуваат) „постираат“ песни, фудбалери и по некоја досетка за облеката на Катица. Кога одработуваш за Фамилијата, па дури и со шега не заборавај дека заработуваш корозија на иднината на поколенијата… Горан (сега Петрески) од „Вест“ се вратил синоќа дома, ги прегрнал сопругата и децата…. Не знам дали ги погледнал и дали воопшто нешто им кажал?
Сите други кои длабоко му се поклонивте на Грујо за работа, барем, барем, барем замолчете… Знам, ќе си најдете оправдување за гастрономските потреби и хедонизмот… Ќе си најдете.
Но Ве потсетувам дека додека Вие се поклонувавте како без ’рбет, на многумина им ги скршија пршлените. Да, да! Но, сепак, за разлика од овие кои хараат десет години, различноста е во тоа што ќе имате човечки третман. За став, пак, кога ќе зборуваме, ќе си (од)молчите…
Крикот за правда е испратен. Без граѓаните е само порив, но со граѓаните е револуција…
Во кафеана порано ја нарачував “Пада Влада”, а сега некако подрага ми е”… Окружни судија рек’о ХХХ година, ХХХ година строгог затвора…”
Дејан Блажески