Специјалната обвинителка Катица Јанева пред малку пристигна во Советот на обвинители, каде што седницата е во тек. Неколку пати претседателот на Советот, Петар Аневски ја повикуваше Јанева да го образложи извештајот за 6-месечното работење на СЈО и изјавуваше дека обвинителите имале нејаснотии.
Јанева влегувајќи во Советот најави дека ќе даде изјава по завршувањето на седницата.
На оваа седница на Советот треба да се разгледува извештајот на СЈО, отпуштањето на две обвинителки од СЈО, како и предавањето на спорните предмето коишто се во Советот, кои Јанева најави дека ќе ги преземе, „Маѓар Телеком“, „Шпион“ и „Верушевски“.
А.Б.