Министерството за надворешни работи на Индонезија соопшти дека 10 Индонезијци се земени за заложници, откако нивниот брод бил одвлечен во филипинските води, јавува БТА.
Во денешната изјава, МНР на Индонезија посочи дека сопственикот на бродот добил телефонски повик од групата Абу Сајаф со барање за откуп.