А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Гостивар регистрирани два нови случаи на СИДА

by А1он28/03/2016 - 17:58154
Share0

Една жена на возраст од 50 до 59 години и еден маж со над 60 години се двата нови регистрирани случаи на заразени од ХИВ на подрачјето на Гостивар, информираше д-р Војислав Огњаноски од центарот за Јавно здравје, на презентацијата за Стратегијата за превенција, која денес се одржа во Гостивар.

Добивај вести на вибер

Епидемиологот и раководител на гостиварското Епидемилошкото одделение д-р Огњаноски нагласи дека ова се првите случаи на ХИВ кои се евидентирани во Гостиварско после пет години. Сега вкупната бројка на заболени од ХИВ СИДА изнесува седум.

– Ова се случаи кои ги регистриравме овој месец по методот на доброволно тестирање и советување. Начинот на трансмисија кај новите случаи е хетеро сексуален. Најголемиот број на заболените и инфицираните се заразиле по сексуален пат, што е и во овој случај. Претходно имавме и случај на пренесување на вирус од мајка на бебе. Гостивар и натаму е во градовите со ниска преваленца на ХИВ Сида, како што впрочем е и Република Македонија, рече д-р Огњаноски.

За да се задржи малиот број на заболени, додаде, Гостивар е вклучен во проект за заштита од ширење на ХИВ, финансиран преку Европските фондови. За да се одржи нискиот број на заразени, изработена е и локална Стратегија за превенција, која денес беше презентирана пред лекари, граѓански активисти и социјални работници.

Првите случаи на заболени од ХИВ СИДА во регионот на Гостивар беа регистрирани во 2005 година.

gostivarhivsida

Би можело да ве интересира

Aдвокатот Фадил Џелили e повереник на Владата за општина Гостивар

Горан Наумовски27/11/2025 - 17:28

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Гостивар

А1он22/11/2025 - 15:03

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:29

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски13/10/2025 - 08:4913/10/2025 - 08:49

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он11/10/2025 - 14:1611/10/2025 - 14:20

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он11/10/2025 - 08:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен