СЈО најавува нови истраги, ВМРО-ДПМНЕ бара експресни измени во Законот за кривична постапка

Од:

По најавата на Специјалното јавно обвинителство за засилени истраги и нови случаи што ги отвара, ВМРО ДПМНЕ сака по итна постапка да се менува Законот за кривична постапка, со кој, на осомничените им се дава поголеми рокови за одбрана и можности за спогодба со обвинителите. Предлогот за измена на законот е примен денеска во Собранието, а предлагачи се пратениците Светлана Јакимовска од ВМРО – ДПМНЕ и Муса Ибраими од ДУИ.

Според предложените измени, пред поднесување на обвинителниот предлог, јавниот обвинител би бил должен да го извести осомничениот за преземените истражни дејствија и прибраните докази. Се предвидува измените да важат и ретроактивно, односно да се применуваат и за постапките започнати пред влегувањето во сила на овој закон.

Измените предвидуваат, пред поднесување на обвинителен предлог, јавниот обвинител задолжително да го извести осомничениот за преземените истражни дејствија и за прибраните докази, по што одбраната ќе има 90 дена да преземе дејствија, за разлика од претходно одредениот рок од 15 дена.

„По известувањето од ставот 2 на овој член, одбраната има право во рок од 90 дена да преземе дејствија на одбрана, согласно членовите од 305 до 311 од овој закон.“, стои во предлог измените на Законот.

Се предлага и законска можност, уште пред да се покрене обвинение, да има можност за спогодба со осомничениот.

„Пред поднесување на обвинителен предлог може да се применат одредбите за донесување пресуда врз основа на спогодба на јавниот обвинител и осомничениот во текот на претходната постапка.“, стои во предлог измените на Законот за кривична постапка.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов