Три ракети, истрелани од страна на Талибанците, експлодираа утрово кај зградата на парламентот во Кабул, јавува БТА.
Според сегашните податоци, нема настрадани во експлозијата, извршена во моментот кога пратениците имале состанок.
Портпаролот на Талибанците Забиула Муџахид изјави дека во нападот има многу жртви.