Поранешниот директор на УБК и усште шестмина, сите вработени во МВР се под истрага на Специјалното јавно обвинителство поради апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.
Со предметото „Тортура“, постои сомнение дека сите инволвирани биле живо заинтересирани целата јавност да ја види бескруполозноста на полициските сили “Алфи“ во изведување на апсењето на политички противник на партијата на власт. Таквото однесување е казниво со член 3 од Европската конвенција за човекови права а и со кривичниот законик на РМ член 142, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
– Произлезе основано сомнение дека на 6 јуни, 2011 година, еден ден по изборите, првоосомничениот како директор на УБК, поради дискриминација на поинаква политичка определба, ги навел полициските службеници “Алфи“ кај Љубе Бошкоски, претседател на ОМ, да предизвикаат душевно страдање. Првооосмничениот по претходно разработен план во МВР за лишување од слобода, а заради одмазда поради политичките пораки во изборната кампања, ги навел полициските службеници кај оштетениот да предизвикаат душевно стѕрадање, рече Фетаи.
Таа кажа дека припадниците на Алфите покажале сервилна покороност на наредбите од директорот на УБК, и истиот ден во времето на лишување од слобода пред ресторанот Воденица, без да постои отпор од Љубе Бошкоски употребиле прекумерна сила и закана.
-Второосомнечениот, командантот на единицата “Алфи“, наредувал “Легнете го на земја“, “Да се легне доле“, при што е употребена прекумерна употреба на сила, удирајќи го Бошкоски по нозете и држејќи го за рацете. Истите се заканувале и ги застрашувале Бошкоски “Шефот ни рече осум години затвор не ти бега“ Нека лежи ѓубрете, “Ајде сега нека лае против шефот“ , “Дојде моментот да се реваншираме“.
Во тојиж момент третоосомничениот му го ставил и пиштолот на образ со зборовите “бел ден да не видиш“. Но тоа не било се, веднаш потоа половина час го држел оштетениот кај полскиот тоалет со лицето на него за да снимаат камерите.
Специјалното обвинителство донесе наредба за исѕтражна постапка против седум лица, за мачење и сурово постапување, против сите осомничени лица до Основниот суд ќе биде поднесен предлог за мерка претпазливост. Оваа мерка е неопходна како реакција на државата спрема дејствијата на осмоничените, рече Фетаи.
Од СЈО не одговорија што станува со предметот за самиот тек на судењето на “Кампања“ но најавија дека ќе излезат доколку имаат сознанија и за тој дел.